САД и Кина почнаа нов круг преговори за трговските односи меѓу двете најголеми економии во светот, јави кинеската агнеција Синхуа.
Од кинеската страна преговара вицепремиерот Лиу Хе, а од американска министерот за финансии Стив Мнучин.
Ова е уште еден круг разговори откако на 1 декември двајцата претседатели Доналд Трамп и Си Џинпинг постигнаа тримесечно одложување на крајните мерки во билатералната трговија.
Доналд Трамп воведе царини на голем број кинески стоки, а како причина ги наведе „нефер трговските практики од страна на Пекинг“. Кинезите одговорија со воведување царини за американски стоки што се увезуваат во земјата.
Ако двете страни не успеат да се договорат, на 2 март стапуваат во сила нови, уште повисоки американски царини за многу видови кинески стоки.