Во САД, во 2017 година, регистриран е пораст на злосторства од омраза против мислимани за 15 отсто во споредба со 2016 година.
Според податоци на Советот за американско-исламски односи, регистрирани се 300 дела на омраза против муслимани во САД во 2017 година, додека во 2016 година имало 216 такви казнени дела во САД.
Советот оцени дека за порастот на кривични дела од омраза против муслимани се виновни ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата политика, а особено забраната за влез на мигранти од неколку држави со претежно муслиманско население.