САД го обвинија претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, за наркотероризам.
Американските власти нудат 15 милиони долари за информации што би можеле да доведат до негово апсење, јавува Би-би-си.
Оваа одлука ја објави државниот правобранител, Вилијам Бар.
Покрај Мадуро, тие обвинија и други високи функционери во владата на Венецуела и нудат награда за нивно апсење.
САД го поддржуваат Хуан Гваидо, кој се прогласи за претседател минатата година.
– Луѓето од Венецуела заслужуваат транспарентна, одговорна и репрезентативна влада, што му служи на својот народ и не се меша во трговијата со дрога – соопшти американскиот Стејт департмент.
– Овие лица ја нарушија довербата на јавноста бидејќи помагале при испорака на наркотици од Венецуела, вклучително и авиони што полетувале од базите во Венецуела – се додава во соопштението.