Врховниот суд на САД го одобри барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп целосно да се спроведе ново правило со кое ќе се намалат барањата за азил на имигранти на американско-мексиканската граница.
Судот утврди дека законот со кој повеќето баратели на азил најпрво бараат безбедно засолниште во трета земја преку која патувале на пат кон САД, треба да стапи на сила додека продолжува спорот за неговата законитост.