САД испратија носач на авиони на Средниот Исток за да испратат предупредување до Иран, пренесува Би-би-си.
Џон Болтон, американскиот советник за национална безбедност, изјавил дека оваа нивна реакција е одговор на бројните загрижувачки предупредувања. Испраќањето на воениот брод се заснова врз тврдењата за можен напад врз американските сили објавени од новинската агенција „Ројтерс“, каде што се појавил цитат на анонимен американски официјален претставник.
Болтон додал дека тие ќе возвратат на секој напад со непопустлива сила.
– САД го испорачаа носачот на авиони „Абрахам Линколн“ и единицата на воени авиони за да му испратат јасна и гласна порака на иранскиот режим дека секој напад врз интересите на САД, или врз нашите сојузници ќе се сретне со непопустлива сила. САД немаат желба да стапат во војна со Иран, но ние сме целосно подготвени да одговориме на секој напад – изјавил Болтон.