Администрацијата на САД одлучи повеќе да не финансира проекти за стабилизација на Сирија и најави дека ќе ги пренасочи средствата за други приоритети.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го известила Конгресот дека нема да потроши околу 200 милиони долари планирани за програми во Сирија.
Портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт, рече дека таа одлука е донесена од државниот секретар Мајк Помпео и дека намалувањето на средствата не се однесува на хуманитарна помош.
Таа истакна дека повлекувањето на американската помош ќе биде надополнето со придонесот на коалициските партнери од 300 милиони долари, вклучувајќи ги и 100 милиони долари што ги вети Саудиска Арабија.
– Како резултат на придонесот на клучните партнери, секретарот Помпео го овласти Стејт департментот да ги пренасочи околу 230 милиони долари наменети за Сирија, рече таа.
Одлуката на Помпеја, како што додаде, ја нагласува желбата на Белата куќа да ја зголеми распределбата на товарот меѓу сите сојузници.
Нојерт ги отфрли шпекулациите дека повлекувањето на помошта укажува на помала заинтересираност на САД за Сирија.