Повеќе од 600 американски војници стигнаа во Сирија со задача да гарантираат безбедност при повлекувањето на силите на САД од таа земја.
Неименуван локален извор изјави дека дополнителните американски сили стигнале во воздухопловната база во местата Хараб Иск и Сарин на истокот на Сирија.
Токму тие две американски воздухопловни бази ќе бидат, како што се наведува, главни центри за евакуација на американската војска од Сирија.