Околу 200 американски државјани што се вратиле од кинескиот град Вухан се сместени во превентивен карантин во Калифорнија за да се спречи можно ширење на коронавирусот.
– Се наоѓаме во многу сериозна ситуација на јавното здравје – изјави Ненси Масонер од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), додавајќи дека ако сега се преземат строги мерки може да се ублажи ударот на вирусот во САД.
Центарот за контрола и превенција на болести за првпат во 50 години одреди карантин.
Карантинот ќе трае 14 дена во воената база Онтарио во Калифорнија.