Министерството за финансии на САД воведе санкции за петмина вработени во разузнавањето и безбедносните служби блиски на, според нив поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро.
– Министерството за финансии продолжува да се насочува кон вработените, кои му помогнале на нелегитимниот р ежим на Мадуро да го потисне народот на Венецуела – се вели во соопштението на Министерството.
Се прецизира дека меѓу лицата кои се под санкции се наоѓа раководителот на Националната разузнавачка служба на Венецуела (СЕБИН) и командантот на претседателската гарда. Нивниот идентитет не се открива. Нема информации и за тоа какви мерки се преземени против нив.