САД најверојатно минатата недела собориле два ирански дрона во Ормускиот залив, изјави командантот на американската централна команда, генерал Кенет Мекензи.
– Во прашање е сложена тактичка ситуација, ние веруваме дека биле два дрона. Веруваме дека кај два дрона дејствувавме успешно, а можно е да имало и повеќе – изјави Мекензи.
Заменик министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи на 19 јули демантираше дека Иран изгубил беспилотно летало во Ормускиот залив, по што САД соопштија дека брод на американската морнарица „уништил“ ирански дрон.