Холандскиот премиер Марк Руте денеска ја отфрли идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање на европска армија.
– Идејата за европска армија е премногу за Холандија. НАТО е и останува камен темелник на нашата одбранбена политика – истакна Руте.
Макрон претходно побара формирање на европска армија, со што би се постигнало помала одбранбена зависност од НАТО. Предлогот на Макрон наиде на остра осуда од американскиот претседател Доналд Трамп.