Пловечката нуклеарна централа „Академик Ломоносов“ изградена во Русија денеска ја имаше првата пловидба од бродоградилиштето во Санкт Петербург кон Мурманск, северозападна Русија, каде ќе бидат наполнети нејзините реактори со гориво.
Нуклеарката до Мурманск ќе пристигне преку Балтичко Море и околу северниот дел на Норвешка.
„Академик Ломоносов“ ќе биде ставена во функција во 2019 година во Арктикот, покрај брегот на Чукотка. Пловечката нуклеарна централа ќе ги снабдува со електрична енергија градот Чукотка и нафтените постројки.
Проектот е критикуван од борците за заштита на животната средина, а организацијата „Грин пис“ ја нарече „пловечки Чернобил“.