Русија и Кина потпишаа пакет договори кои вклучуваат и изградба на четири нуклеарни реактори што во Кина ќе ги гради рускиот конгломерат Росатом.
– Руски и кинески официјални претставници потпишаа низа договори за нуклеарно партнерство меѓу двете држави- се вели во соопштение на Росатом.
Роковите и износите што се наведени во потпишаните догoвори не се соопштени. Договорите беа потпишани за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Пекинг.