Русија ќе ги одржи своите најголеми воени вежби од 1981 година, соопшти денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу, јави ТАСС.
На средбата со новинарите во руската република Хакасија во Сибир, Шојгу најави дека околу 300.000 војници и повеќе од 1.000 авиони ќе учествуваат во маневрите „Исток-2018“.
Според него, Русија не одржа толку големи воени вежби од 1981 година.