Русија очекува довршување на гасоводот преку Балтичкото Море, „Северен тек 2“, до крајот на годината, изјави денеска рускиот вицепремиер Александер Новак.
Работата на руско-германскиот гасовод е во тек, рече Новак на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург.
– Операторот со компаниите што учествуваат во проектот ја продолжува неговата имплементација. Се надеваме дека работата ќе заврши до крајот на оваа година – рече Новак.
На гасоводот, кој е речиси завршен, континуирано се спротивставуваат американски и европски активисти за заштита на животната средина.
Руските политичари претходно најавуваа дека проектот може да се заврши дури и ова лето.