Русија распореди воени хеликоптери за патролирање во областа близу сириската граница со Турција за да помогне во заштитата на руската воена полиција што работи на терен.
Москва ќе ги распореди своите хеликоптери долж неколку патролни рути на висина од 50-60 метри. Летовите ќе се извршуваат секојдневно долж сите патролни рути – изјави рускиот воен пилот Дмитриј Иванов, пренесува „Ројтерс“.
Турските и руските сили заеднички патролираат во североисточна Сирија за да го надгледуваат договорот постигнат меѓу Москва и Анкара, откако Турција започна офанзива во областа пред еден месец против курдските сили кои ги смета за закана за нејзината безбедност.