Руското Министерство за одбрана денеска објави видео снимка која го докажува украинското учество во соборувањето на малезискиот авион МХ17 во 2014 година, изјави портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.
Ракетата која го собори авионот е направена во градот Долгопрудни во близина на Москва 1986 година, и била доставена на воената единица која била распоредена во Украина и никогаш не била вратена во Русија, рече шефот на Секретаријатот за ракети и артилерија на руското Министерство за одбрана генерал Николај Паршин.
– Украински високи претставници сами докажале дека проруските сили не можеле да имаат пристап до ракетниот систем Бук – наведе Конашенков.
Патничкиот авион МХ17 беше соборен од ракета над источна Украина во јули 2014 година при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.