Рускиот претседател, Владимир Путин, му даде инструкции на Министерството за развој на Далечниот Исток и на Арктикот да изработи проект за изградба на сообраќаен мост кој би ги поврзувал Русија и Северна Кореја, изјави денеска советникот на претседателот за окрузите на Далечниот Исток, Јуриј Трутњев.
Според неговите зборови, ова било дискутирано за време на неодамнешниот самит на Путин и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, но тој не прецизираше кога проектот би можел да биде комплетиран, објави агенцијата „Тасс“.
Границата меѓу Руската Федерација и Северна Кореја е долга 39,4 километри, од кои околу 22 километри се водена граница, а ова исто така е и најкратката руска меѓународна граница.
Двете земји засега се поврзани со воздушни линии и железнички мост над реката Тумен.