Портпарол на Министерството за одбрана на Русија предупреди денеска дека за вечерва е планиран изрежиран хемиски напад во Сирија.
Игор Конашенко нагласи дека МО добило информација дека лидерите на групите Хајат Тахрир ал-Шам и Хизб ал-Туркистани ал-Ислам како и локални координатори на Сириската цивилна одбрана се собрале во терористичкиот команден центар во Идлиб на 7 септември.
На тој состанок според него, договориле сценарио за изрежирани инциденти со употреба на отровни супстанци против цивили кои би биле припишани на сириската влада и сите треба да се подготват за вечерва.
– Специјална команда на некои „странски пријатели на сириската револуција“ треба да им дадат сигнал на терористите да почнат со практични провокации во провинцијата Идлиб – нагласи тој.