Кремљ денеска го отфрли повикот на САД за отстранување на инсталираните крстосувачки ракети 9M729, кои можат да носат нуклеарни боеви глави, наведувајќи дека системот е во согласност со Договорот за нуклеарно оружје од среден и краток дострел (ИНФ), потпишан во 1987 година помеѓу Москва и Вашингтон.
Висок американски претставник вчера порача дека Русија мора да ги отстрани ракетите 9М729 и нивните лансирни рампи или да го замени опсегот на оружјето за да биде во согласност со ИНФ и со тоа да се избегне повлекување на САД од тој договор.
– Русија нема ништо прекршено, не крши и останува посветена на сопствените обврски кон ИНФ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.