Руското Министерство за одбрана соопшти дека нема ништо со соборувањето на авионот МХ17 во источна Украина во 2014 година.
Министерството ги отфрли тврдењата на Меѓунардониот истражен тим, изнесени денеска, дека руска ракета „Бук”, испукана од руската база во Курск, го соборила малезискиот авион.
Ракетата, тврди истрагата, била испукана од 53-тата Противвоздушна ракетна бригада стационирана во близина на градот Курск во Русија.
Авион со лет од Амстердам до Куала Лумпур, беше соборен над источна Украина во 2014 година, а сите 298 патници и членови на екипажот загинаа.