Првата транснационална жичница во светот ќе ги поврзува Кина и Русија преку реката Амур.
Патниците ќе можат да патуваат меѓу градовите Хаихе во Кина и Благовешченск во Русија за помалку од осум минути.
Терминалната станица Благовешченск во Русија била дизајнирана од холандското архитектонско студио „УНСтудио“, а истата ќе биде на четири ката и ќе содржи платформа за набљудување со поглед преку Амур кон Хаихе.
Архитектот што ќе ја дизајнира станицата во Хаихе допрва треба да биде објавен.
Кабините ќе превезуваат до 60 патници и багаж, а истите ќе поаѓаат на секои 15 минути.
– Бидејќи ја преминува природната граница на реката Амур, жичницата Благовешченск – Хаихе ќе биде првата што ќе поврзува две држави и нивните култури – рече Бен ван Беркел, основач и главен архитект на „УНСтудио“.
Проектот, под раководство на руската компанија за урбанистичко планирање и консултантски услуги „Стрелка КБ“, е веќе во тек.
Реката Амур, која честопати е замрзната во текот на зимата, историски претставува врска што ги поврзува Хеихе и Благовешченск од трговски и социјални причини.