Во Русијa е направен унифициран ракетен комплекс „Јарс“ за различни типови базирања, вклучувајќи го и железничкото, изјави творецот на балистичките ракети „Топољ-М“, „Јарс“ и „Булава“, генералниот конструктор на Московскиот институт за термотехника , академик Јуриј Соломонов, пренесува „Спутник“.
– Направивме ракетен комплекс „Топољ-М“ и „Јарс“ за различни типови базирања: и за стационарно и за подвижно и за железничко – секаде е една ракета – изјави Соломонов во интервју за „Национална одбрана“.
Според Соломонов, морскиот стратешки ракетен комплекс „Булава“ за подморници од класата „Бореј“ исто така е унифициран со горенаведените ракети по одредени елементи и технички решенија.
Проектот за изградба на железнички носaч на балистички ракети, комплексот „Баргузин“ и понатаму е замрзнат. Барем нема официјални информации дека работата на него продолжила.
Советскиот борбен железнички ракетен комплекс со ракета „Молодец“ (воз на смртта) престана да се користи во 2005 година согчасно спогодбата СТАРТ-2. Следната спогодба СТАРТ-3 не забранува создавање нови ракетни комплекси од ваков тип.
Како што се претпоставуваше, борбениот воз на новата генерација „Баргузин“ требало да се заврши во 2018 година, но во 2017 година „Росијска газета“ објави, повикувајќи се на извор во воената индустрија, дека работата на него е прекината.
„Багузин“ претставува воз кој надворешно не се разликува од обичниот товарен воз. Во неговите вагони се инсталираат три интерконтинентални балистички ракети со 30 боеви глави, секоја по 550 килотони. Во него се наоѓа и команден центар, технолошки, технички и комуникациски системи.
Во случај на закана од нуклеарна војна, оклопниот воз излегува на патролирање и се вклопува со другите железнички возови. По наредбата за борбена примена, возот запира и спречува да почне напад. Покривите на трите вагони се отстрануваат, скриените механизми со контејнерите за ракети се креваат во вертикална позиција и за неколку минути се изведува лансирање.