Од средината на 90-тите години од минатиот век, западните земји произведоа најмалку 100 хемиски агенси слични на „новичок”, се вели во соопштение објавено на веб-страницата на Руското Министерство за надворешни работи.
Министерството потсетува дека во јануари 1993 година Москва беше меѓу првите што ја потпишаа Конвенцијата за хемиско оружје и веднаш ја започнаа нејзината примена.
– Кога станува збор за супстанција наречена „новичок” во западните земји, нејзината структура беше првпат претставена во 1998 година во базата на податоци на Националниот институт за стандардизација на САД – се вели во соопштението на руското министерство.
Оттаму информираат дека околу 20 земји на Западот истражувале слични супстанции, како што е новичок од средината на 1990-тите години, кои ги проучувале начините да го купат, како и неговите штетни ефекти.
Во извештајот се додава дека генералниот директор на Секретаријатот за организација на забраната за хемиско оружје (ОЗХВ) ја потврди конечната елиминација на хемиското оружје во Русија.