Русија е загрижена поради израелските воздушни напади во Сирија и верува дека тие би можеле да претставуваат закана за регионалната стабилност, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Израелските борбени авиони ја нападнаа вчера сириската војска во Хомс и во предградието на Дамаск, јави сириската државна телевизија, повикувајќи се на извори од сириската војска.
Како што наведе телевизијата, на нападот од правец на воздушниот простор над Либан, одговори сириската војска.