Русија е загрижена за ситуацијата во пограничните области во Авганистан, која настана како резултат на повлекувањето на американските сили. Ова денеска го изјави претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Се разбира, ситуацијата во Авганистан по повлекувањето на американските и сојузничките сили предизвикува сериозна загриженост. Ние внимателно ќе го следиме развојот на настаните – потврди Песков и жали што ситуацијата се дестабилизира.
Тој истакна дека Русија не разговара со властите во Кабул за можноста за распоредување свој воен контингент во Авганистан и покрај ескалацијата на конфликтот во пограничната зона со Русија.