Русија делумно ги деблокира украинските пристаништа на Азовското море, изјави денеска украинскиот министер за инфраструктура Володимир Омелјан.
– Да, пристаништата Бердјанск и Мариупол се делумно деблокирани. Бродовите се движат кон излезот (од Азовското Море) и преку Керченскиот Теснец кон украинските пристаништа. Движењето е делумно воспоставено – истакна министерот.