Во воздушен напад на САД во покраината Идлиб во Сирија има голем број на жртви и значително уништување на инфраструктурата, соопшти рускиот Центар за примирје во Сирија, при руското Министерство за одбрана.
Како што пренесе новинската агенција ТАСС, воздушниот напад бил изведен на 31 август околу 15 часот по локално време.
-Има голем број жртви и уништувања во американскиот воздушен напад, се наведува во соопштението и се додава дека САД ги прекршиле претходно потпишаните договори бидејќи не ги информирале Русија и Турција за нападот.