Џихадистичката терористичка организација Ал-Нусра истрела 17 ракети кон руската воена база Хмеимим во Сирија, од кои сите беа пресретнати или не успеаја да ја погодат целта. Нападот доаѓа во момент кога сирискаа армија се соочи со голема офанзива на милитантите во провинцијата Идлиб, јавува „Раша тудеј“.
Девет од ракетите беа пресретнати и уништени од воздушната одбрана на базарат Хмеимим, известија од руското Министерство за одбрана, додека другите осум не успеале да стигнат до целта. Нападот, кој бил спроведен со повеќе различни системи за лансирање на ракети, дошле од дел од провинцијата Идлиб кој моментално е под контрола на терористите.