Русинката Марија Бутина, која во САД е обвинета за обид за шпионажа, денеска излезе од затвор, соопшти федералната американска затворска служба.
Бутина, беше уапсена во јули 2018 година и осудена на 18 месеци затвор. Таа беше обвинета за заговор со цел промовирање на руските интереси.
Таа е единствената руска државјанка осудена во рамки на истрага за руско мешање во внатрешната политика на САД. Бутина имала врски со влијателното Национално здружение за оружје (НРА) и можела да стапи во контакт со Доналд Трамп и еден од неговите синови пред претседателските избори во САД.
Бутина (30) беше во затвор во Флорида и веднаш откако беше ослободена, беше предадена на миграциската полиција по што ќе биде протерана од САД и вратена во Русија.