Руското МНР најави дополнителни анализи за закани по националната безбедност и стратешка стабилност, со оглед на американските планови за вооружување на своите воени сили со ракети со кус и среден дострел.
Како што наведува министерството за надворешни работи на Русија, наместо да бара начин за спасување на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање решение.
Како резултат на тоа „Вашингтон нанесе нов сериозен удар на системот за контрола на оружјето кој се градеше со години“, се наведува во соопштението.