Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека САД избрале погрешен пат со повторното воведување на санкции кон Иран.
– Американците дефинитивно ќе бидат поразени на тој пат. Ако тие се искрени и ако им значи регионалната стабилност тие не би тргнале по тој пат. Да се искрени и да го почитуваат иранскиот народ, не би тргнале по тој пат – истакна Рохани.
Тој додаде дека Американците се озлогласени во светот и кон иранскиот народ.
– На сите им е јасно дека некоректните и свирепи санкции на Америка ќе го оштетат драгиот и чесен народ на нашата земја – посочи Рохани.
Американските санкции се однесува на транспортниот, финансискиот и енергетскиот сектор на Иран. Тоа е втор пакет санкции откако претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од Мултилатералниот договор со Иран во мај годинава.
Вашингтон на 5 ноември повторно воведе санкции со цел да го принуди Иран да ги стопира нуклеарната програма и развојот на балистички ракети, како и да ја прекина поддршката на силите кои се борат во Сирија, во Ирак, во Либан и во Јемен.