Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран нема да попушти под притисокот на САД и дека нема да се откаже од своите цели, дури и ако Иран биде бомбардиран.
Неговата изјава, за време на церемонијата во знак на иранско-ирачката војна во 1980-те, ја пренесе државната новинска агенција ИРНА.
-Мораме да се спротивставиме и нашите непријатели треба да знаат дека и кога ќе ја бомбардираат нашата земјаи кога нашите деца ќе бидат убиени, ранети или апсени, нема да се откажеме од нашите цели, независност на нашата земја и нашата гордост-порача Рохани.