Претседателот на Иран, Хасан Рохани порача дека неговата земја под притисок никогаш нема да преговара со САД, пренесува „Ројтерс“.
Рохани на прес-конференција истакна дека помошта од Иран е од суштинска важност за воспоставување безбедност на Блискиот исток.
– Иран никогаш нема да преговара под притисок. Никогаш нема да попуштиме под американскиот притисок и никогаш нема да преговараме од позиција на немоќ – рече Рохани.
Тој истакна дека „американскиот максимален притисок врз Иран е осуден на пропаст“.
– Обезбедувањето мир и стабилност во чувствителниот регион Блиски Исток и Персиски Залив е невозможно без помош на Иран – наведе Рохани.