Иранскиот претседател, Хасан Рохани во телефонски разговор со францускиот претседател, Емануел Макрон, изјавил дека Иран не сака војна со САД.
Рохани му рекол на Макрон дека неговата земја ќе се спротивстави ако САД повторно го загрозат нивниот територијален суверенитет бидејќи тоа е должност на војската, пренесе „Ројтерс“.
Претходно, иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зароф по повод воведувањето на новите американски санкции изјави дека политичките јастреби блиски до Трамп се жедни за војна, наместо за дипломатија.