Британскиот милијардер сер Ричард Брансон успешно стигна до работ на вселената со ракетата на неговата компанија „Вирџин Галактик“.
Компанијата емитуваше пренос во живо од историскиот лет со кој ракетата се издигна на речиси 90 километри над Земјата. Лансирањето од пустината во американската сојузна држава Ново Мексико се случи во 14.40 часот попладнево, со мало задоцнување поради временските прилики.
Брансон на тој начин ја доби „вселенската трка на милијардерите“ против неговиот директен конкурент Џеф Безос, со кого се натпреваруваат на полето на вселенскиот туризам. Предвидено е најбогатиот човек на светот Безос да има лет во вселената на 20 јули со неговата компанија „Блу Ориџин“.