Во Литванија се запленети 1,5 тони хашиш, чија вредност е проценета на 20 милиони евра. Тоа е најголемата заплена во историјата на таа балтичка земја.
Претставникот на полицијата Линас Пернавас изјави дека дрогата пристигнала од Мароко и оти крајна дестинација била Русија. Хашишот бил скриен во камион кој превезувал минерална вода.
Во врска со случајот уапсени се три лица, еден Белорус и двајца Литванци, кои се познати членови на криминална група.