Бројот на пријавени случаи на детска порнографија во првата половина од оваа година во Германија речиси двојно се зголемил, објави германската Канцеларија за борба против криминалот, пишуваат германските медиуми.
„Во првите шест месеци од 2021 година забележавме речиси ист број пријавени случаи на детска порнографија како и во целата измината година“, изјави претседателот на Канцеларијата, Холгер Муенх, во интервју за дневниот весник „Билд“.
Според него, расте и бројот на пријави и почнати постапки поврзани со случаи на прикажување и дистрибуција на материјал со детска порнографија.
„Забележливото зголемување на овие случаи ја доведува полицијата до границите на своите можности, и технички и во однос на персоналот“, рече тој.
Претседателот на БКА рече дека дошло и до нагло зголемување на компјутерскиот криминал, тренд што почнал во 2020 година.