Бројот на приведени новинари во светот достигна рекорден број годинава, се наведува во новиот извештај на непрофитната Комисија за заштита на новинарите, во која се истакнува дека 293 новинари се затворени до 1 декември годинава.
Најмалку 24 новинари се убиени поради известување, а 18 други загинале во околности што го отежнувале утврдувањето дали биле цел поради нивната работа, објави комисијата во своето годишно истражување за слободата на медиумите и нападите врз медиумите, а пренесе „Ројтерс“.
Иако причините за затворање на новинарите варираат од земја до земја, рекордниот број ги одразува политичките превирања ширум светот и растечката нетолеранција кон независното известување, според непрофитната организација со седиште во САД.
– Ова е шеста година по ред како комисијата документира рекорден број новинари затворени ширум светот. Владите се решени да ги контролираат и управуваат информациите и тие се сè похрабри во нивните напори да го сторат тоа – изјави извршниот директор Џоел Сајмон.
Според КПЈ, Мексико останува најсмртоносната земја на западната хемисфера за новинарите, бидејќи тие често се цел на криминалните банди или корумпираните службеници кои се вознемируваат од нивната работа.