Поранешниот шпански премиер Маријано Рахој денеска соопшти дека ќе поднесе оставка на местото лидер на конзервативната Народна партија (ПП), откако во петокот Парламентот во Мадрид и изгласа недоверба на неговата Влада.
– Тоа е најдобро за мене, најдобро за партијата и најдобро за Шпанија, изјави Рахој пред насобраните членови на ПП, кои го поздравија со овации.
Шпанскиот Парламент во петокот и изгласа надоверба на Владата на Рахој, по што премиерската функција ја презеде лидерот на Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), Педро Санчез.
Оставката на Рахој на местото лидер на ПП доаѓа во време кога партијата се соочува со корупциски скандал околу нејзиното финансирање.