Нуркачите денеска спасија еден маж од бродот што во четвртокот се преврти во езерото Викторија. Бројот на жртвите, според најновите податоци се искачи на 207 луѓе.
Четири нуркачи денеска го пребаруваа потонатиот брод откако слушнале звуци кои укажувале на знаци на живот. Преживеаниот маж е хоспитализиран.
Траектот потона во четвртокот навечер, на само неколку метри од пристаништето на Укерве, најголемиот остров на езерото Викторија. Се претпоставува дека на бродот имало над 300 лица.
Танзанскиот претседател Џон Магуфули вчера нареди апсење на одговорните за бродоломот.
На истото езеро во Танзанија во 1996 година во бродска несреќа загинаа најмалку 500 луѓе.
Бродските несреќи се честа појава на езерото Викторија, каде сопствениците на бродовите не ги запазуваат стандардите за пловидба.