Тензиите меѓу Индија и Пакистан продолжуваат да растат, откако двете земји во текот на ноќта разменија оган на границата во регионот на Кашмир.
Еден ден претходно Исламабад соопшти дека соборил два индиски aвиони и заробил пилот.
Во меѓувреме, индиски и пакистански функционери пријавија дека ноќеска имало „помала размена на оган“ и гранатирање во регионот на Кашмир.
Од друга страна, членови на партијата на индискиот премиер Нарендра Моди побараа поголема воена акција што укажува дека конфликтот би можел да ескалира, јавуваат светските агенции.
Пакистанскиот премиер Имран Кан повика на разговори меѓу двата нуклеарни соседи.
– Со оглед на природата на оружјето што го имаат нашите две земји, дали смееме да си дозволиме погрешна проценка – праша тој.
Во пакистанскиот дел на Кашмир се затворени училиштата и образовните институции. Железничкиот сообраќај кој го поврзува Лахоре во источен Пакистана и Индија е во прекин поради безбедносни причини.
Пакистанскиот воздушен простор е затворен веќе два дена, што предизвика големи проблеми во авио-сообраќајот.