Расправија во зграда во населбата Саутсајд во Чикаго се претвори во пукање во кое се убиени четири лица, а четири се повредени, соопшти полицијата.
Пукањето се случило утрово во 5.42 часот и досега никој не е уапсен, пренесува „Ројтерс“.
Полицијата сè уште нема информации за идентитетот на жртвите. Полицијата потврди дека двајца повредени се во критична состојба.