Претседателот на САД, Доналд Трамп нема да може да покрене воени напади врз Иран без одобрување од страна на на Конгресот. Оваа мерка беше усвоена вчера со поддршка од 251 пратеник, додека 170 гласаа против.
Станува збор за амандман на годишниот предлог-закон за одбрана, за кој покрај демократското мнозинство, гласаа и 25 републиканци. Уште е неизвесно каква судбина овој амандман ќе доживее во Сенатот, во кој републиканците го имаат мнозинството.