Привремениот претседател на Молдавија, Павел Филип, денеска објави дека потпишал декрет за одржување предвремени избори во септември.
Филип беше назначен за привремен претседател откако судот го разреши Игор Додон од позицијата шеф на државата, бидејќи тој одби да го распушти парламентот и наместо тоа го поддржа формирањето на нова коалициска влада.
За формирање влада вчера се договорија Социјалистичката партија, каде Додон беше поранешен лидер, и проевропскиот блок АЦУМ.