Припадниците на италијанската полициска единица за борба против тероризмот разбиле мрежа Сиријци и Мароканци, осомничени дека префрлале пари на екстремисти на Блиски Исток.
Полицијата спроведе акција врз основа на 14 налози за апсење, издадени од судови во северна Италија и од островот Сардинија.
Засега не е познато колку лица се приведени со операцијата.
Осомничените се обвинети за поврзаност со терористички групи, финансирање тероризам и кршење на финансиските закони.