Северна Кореја е согласна јужнокорејски медиуми да пренесуваат „во живо“ дел од средбата в петок меѓу лидерите на двете држави, соопшти Кабиентот во Сеул.
Освен тоа, режимот во Пјонгјанг се согласил да дозволи новинари од Јужна Кореја да престојуваат во северниот дел од демилитаризираната зона за да известуваат за средбата.
Делегациите имале работни средби во пограничното село Панминџон на која биле разгледани прашања за протоколот, безбедноста и медиумското известување за средбата.
На состанокот е одлучено средбата меѓу јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и неговиот севернокорејски колега Ким Џонг-ун да почне изутрина и да има и официјална вечера во јужнокорејскиот дел од пограничниот населен пункт Панминџон.