Рускиот претседател Владимир Путин планира кон крајот на месецов да одржи годишно обраќање пред Федералното собрание.
Путин претходниот говор пред Федералното собрание го одржа на 1 март минатата година.
Оваа традиција ја воспостави некогашниот претседател на Русија, Борис Елцин, кој првпат пред Парламентот се обрати во 1994 година.
Путин досега одржа 14 такви говори, а Дмитриј Медведев, кој пред премиерската функција беше претседател, четири пати се обрати пред Федералниот парламент.