Веднаш по стапувањето на должност на новата Влада на Италија, Кремљ објави соопштение во кое се наведува дека рускиот претседател Владимир Путин го поздравува италијанскиот премиер Џузепе Конте.
Во соопштението се додава дека Путин изразил надеж оти новата Влада во Рим „ќе придонесе за развој на конструктивна руско- италјанска соработка“.
Конте, кој е професор по право и е ново лице во италијанската политика, беше предложен на чело на првата популистичка коалициска влада.во Европа од страна на антисистемското Движење Пет ѕвезди (М5С) и десничарската антимигрантска партија Лига.
Партијата Лига одржува блиски врски со Русија, а нејзиниот лидер Матео Салвини, кој од денеска е нов министер за внатрешни работи на Италија, е еден од ретките европски полиитчари што го посети Крим по неговата анексија од страна на Русија