Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата армија и морнарица, што е неопходно за да се осигура безбедноста на земјата и суверенитетот и да се заштитат националните интереси, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на одбележувањето на Денот на силите за специјални операции.
– Ние ќе продолжиме да работиме на зајакнување и развој на армијата и морнарицата. Веќе споменав дека нашите чекори во оваа област се чисто одбранбени и дека нивната цел е да се обезбеди несомнена безбедност на Русија, да се заштити нејзиниот суверенитет и националните интереси – рече Путин.
Тој, исто така, нагласи дека искуството на руските специјални сили ќе биде земено предвид за време на одржувањето на воените вежби.
– И доколку е неопходно, ќе ја изведете секоја мисија, најважните наредби, ќе го направите невозможното – да ја неутрализирате секоја закана за Русија, без разлика од каде доаѓа – заклучи Путин.